Ruslan Rehimov
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
КИЕВ (АА) - Главниот советник при украинското Претседателство, Олексиј Арестович, истакна дека во нападите на руската Војска врз градот Мариупољ загинале над 2.500 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Арестович ја потврди оваа информација во изјава за еден телевизиски канал.
Тој нагласи дека продолжуваат тензиите во Мариупољ и дека украинската Војска ги спречува руските напади.
Според него, руските сили кои не можат да ја преземат контролата врз градот, како цел ги земаат цивилните објекти.
„Русите сакаат целосно да го уништат градот. Според официјалните бројки на локалните власти, загинаа над 2.500 цивили“, додаде Арестович.