Onur Can Bulat
19 Јуни 2024•Ажурирај: 20 Јуни 2024
АДАНА (АА)
Угасен е пожарот што избувна по сообраќајната несреќа до која дојде кога цистерна со гориво удрила во камион натоварен со лубеници во округот Позанти, во турската јужна област Адана, известува Анадолу.
Цистерната удрила во камион на подрачјето Ѓулек на автопатот Адана - Позанти, на југот од Туркије. По судирот настанала експлозија поради палење на горивото во цистерната, а пожарот се проширил и на камионот.
Возачите од двете возила минале без повреди.
Пожарот што избувнал на цистерната и камионот бил изгаснат по пет часа.