Mahmoud Barakat
19 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
АМАН (АА) - Турските и јорданските воени сили започнаа две воени вежби во Јордан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според денешното соопштение на турската Амбасада во Аман, воените вежби почнале на 15 декември и ќе траат до 22 декември.
„Една од вежбите има за цел да ја зајакне соработката меѓу пограничните сили од двете земји“, се вели во соопштението.
Оваа воена вежба се одвива секоја година, и наизменично се одржува во Турција и во Јордан.
Се истакнува дека втората вежба има за цел да ја подобри обуката и заедничката соработка меѓу копнените сили од двете држави.
За првпат одржана во 2000 година, оваа вежба се одржува помеѓу Турција и Јордан на секои две години.