свет

Турските хуманитарни организации со поинтензивни активности за Рамазан

Турската фондација Дијанет (TDV) ќе отвори 111 бунари и фонтани за да обезбеди чиста вода за над милион лица во 20 различни земји.

Müslüm Etgü  | 12.04.2021 - Обновена : 16.04.2021
Турските хуманитарни организации со поинтензивни активности за Рамазан

АНКАРА/ШАНЛИУРФА

Турските хуманитарни организации ќе ги зајакнат своите активности за помош за време на муслиманскиот свет месец Рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турската фондација Дијанет (TDV) ќе отвори 111 бунари и фонтани за да обезбеди чиста вода за над милион лица во 20 различни земји.

Високиот извршен директор на ТДВ, Ихсан Аџик рече дека добротворната организација ќе обнови и ремонтира 139 бунари и фонтани во 19 земји.

Друга добротворна организација, Здружението за хуманитарна помош „Хајрат“, рече дека ќе распредели 140.000 ифтарски оброци во северна Сирија и во западноафриканската држава Буркина Фасо за време на Рамазан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın