Mikail Bıyıklı,İrem Demir
13 Февруари 2025•Ажурирај: 13 Февруари 2025
ИСЛАМАБАД/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва пристигна во пакистанската престолнина Исламабад во официјална посета на земјата, јавува Анадолу.
Ердоган беше пречекан во воздухопловната база „Нур Кан“ во Исламабад од делегација пакистански официјални претставници, меѓу кои претседателот Асиф Али Зардари и премиерот Шахбаз Шариф.
Турскиот претседател е придружуван од делегација, во која се и првата дама на Туркије, Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за одбрана Јашар Ѓулер и директорот за комуникации Фахретин Алтун.
Во текот на утрешниот ден се очекува Ердоган да има билатерална средба со Шариф и да присуствува на седмиот состанок на Советот за стратегиска соработка на високо ниво меѓу двете земји.
Предвидено е потпишување договори со премиерот Шариф, како и заедничка прес-конференција.
Се очекува Ердоган да присуствува и на Турско-пакистанскиот бизнис-форум и да одржи билатерална средба со Зардари во претседателската палата.
Во недела Ердоган замина во четиридневна посета на Малезија, Индонезија и Пакистан.