Muhammet Tarhan
18 Јули 2023•Ажурирај: 20 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јавува Анадолу.
Од Министерството за надворешни работи е потврдено дека Фидан и Лавров имале телефонски разговор.
Тие разговараа за најновите случувања во рамките на Договорот за пренос на жито преку Црно Море и за набавка на големи противпожарни авиони од Русија кои би се користеле во Туркије за време на шумски пожари.