Тројца хрватски планинари исчезнаа во лавина во Словенија
- Официјалните институции сѐ уште не го потврдија идентитетот на исчезнатите планинари, ниту причината која ја предизвикала лавината

САРАЕВО (АА) - Тројца хрватски планинари исчезнаа во Словенија во лавина на врвот Тоска во Јулиските Алпи, известува Анадолу.
Словенечките медиуми објавија дека исчезнале тројца хрватски државјани кои се одделиле од својата група претходно во текот на денот кај Водников дом во Веле Поље.
Словенечката полиција и службите за планинско спасување веднаш започнале обемна потрага, која е отежната поради тешките услови на планината.
Официјалните институции сè уште не го потврдија идентитетот на исчезнатите планинари, ниту причината која ја предизвикала лавината.
Полициската управа во Крањ за словенечкиот медиум „24ur.com“ потврди дека во лавината исчезнале тројца хрватски државјани.
Седум хрватски планинари престојувале во Водников дом на Веле Поље. Четворица од нив останале таму, додека тројца, и покрај лошите временски услови, го продолжиле своето патување кон планинскиот врв. Движејќи се кон врвот, според првичните информации, ги зафатила лавина.
Студен бран утринава ја зафати Словенија, а снежната линија во Горењска се спушти на околу 800 метри надморска височина. Според Агенција на Република Словенија за животна средина (АРСО), на Кредарица наврнале 25 сантиметри, Зеленица 19 сантиметри, Вогел 17 сантиметри, Вршич 14 сантиметри и Крвавец 11 сантиметри.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.