Diyar Güldoğan
20 Јануари 2026•Ажурирај: 21 Јануари 2026
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар“ телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со Гренланд, пренесува Анадолу.
„Се согласив на состанок на различните партии во Давос, Швајцарија. Како што им кажав на сите многу јасно, Гренланд е императив за националната и светската безбедност. Нема враќање назад - за тоа сите се согласуваат!“, рече Трамп на Трут соушал.
Трамп изјави дека САД мора да го имаат Гренланд поради националната безбедност и за да ги одвратат ривалите на Арктикот. Тој, исто така, се закани со царини за европските сојузници кои се спротивставија на американската контрола врз Гренланд и испратија мал број војници на територијата.
И Данска и Гренланд отфрлија каков било предлог за продажба на територијата.