Servet Günerigök
12 Декември 2024•Ажурирај: 13 Декември 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наводно, го поканил својот кинески колега Си Ѓинпинг на неговата инаугурација за претседател следниот месец, јавува Анадолу.
Изворите открија дека Трамп ја упатил поканата до Си на почетокот на ноември, набрзо по изборите, но останува нејасно дали кинескиот претседател прифатил, објави Си-би-ес њуз доцна синоќа.
Во веста се вели дека официјалните претставници прават планови на церемонијата на положување заклетва на 20 јануари да присуствуваат повеќе странски државници.
Според тимот на Трамп, на инаугурацијата можно е да присуствуваат повеќе лидери.
„Светските лидери се редат за да се сретнат со претседателот Трамп бидејќи знаат дека наскоро тој ќе стапи на власт и ќе го врати мирот низ светот со американската сила“, рече портпаролката на Трамп, Каролина Ливит, јави Си-би-ес њуз.
Веста за поканата дојде неколку дена откако Трамп се закани дека ќе ги зголеми царините за кинеските стоки. САД, исто така, поставија краен рок до 19 јануари, ден пред инаугурацијата, за БајтДанс, кинеската компанија-мајка на ТикТок, да ја продаде апликацијата за социјални медиуми или ќе се соочи со забрана во земјата.