Ekipa
08 Февруари 2020•Ажурирај: 09 Февруари 2020
КЛИНТОН
Седум лица смртно настрадаа во пожар кој утрово избувна во американската сојузна држава Мисисипи, наведуваат локалните власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Пожарот избувна во еден дом во градот Клинтон“, соопшти Џеф Блеклејџ, челник на Противпожарната бригада на Клинтон.
Не е соопштен идентитетот на настраданите, но локалните официјални лица наведуваат дека станува збор за лица на возраст од 1 до 33 години.