Ekipa
05 Март 2025•Ажурирај: 06 Март 2025
МАНИЛА (AA) - Екстремни температури за овој период од годината ги зафатија Филипините, откако топлотен бран ја погоди земјата, јавува Анадолу.
Зголемените температури принудија повеќе училишта во главниот град Манила да прекинат со наставата, по советите на националната метеоролошка служба која предупреди дека топлотниот индекс ќе достигне „опасни“ нивоа во Манила и во уште две подрачја во земјата.
Меѓу најпогодените групи од порастот на температурите се Филипинците со ниски приходи кои живеат во лошо изградени куќи без климатизација, бидејќи чувството на неподнослива топлина се влошува со бетонските ѕидови, металните тавани и слабиот проток на воздух поради високата урбана густина, што го става во ризик здравјето на најранливите категории како децата и постарите лица.
Во јануари, Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека екстремните временски услови го нарушиле школувањето на околу 242 милиони деца во 85 земји минатата година, меѓу кои и на Филипините, а најголемо влијание имаа топлотните бранови.