Mustafa Melih Ahıshalı
23 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Уште четири тела се извлечени од урнатините на зградата „Пласко“ во Техеран, која се сруши во четвртокот откако во неа избувна пожар, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранската државна телевизија „ИРИНН“ јави дека од урнатините се извлечени тела на цивили.
Директорот на Центарот за судско вештачење, Месуд Кадипаша изјави дека трите тела извлечени од урнатините на петтиот ден од спасувачката акција биле изгорени до непрепознатливост.
Вчера беа извлечени две тела.
Хусеин Кулувенд, директор на одделението за итна помош од Иран, изјави дека според последните информации, во несреќата се повредени 197 луѓе.
Пожарот во бизнис центарот „Пласко“ се случи во четвртокот наутро. Во гаснењето на пожарот во зградата со десетици продавници и работилници беа вклучени голем број противпожарни екипи.
Градоначалникот на Техеран, Мухамед Галибаф претходно изјави дека изгубил надеж за дваесеттемина пожарникари заробени под урнатините, а шефот на полицијата на Техеран, Хусеин Сајидиниа рече дека исчезнале 25 цивили.
Акцијата на потрага и спасување е во тек.