Ahmet Dursun
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша декретот со кој во САД се забранува влез на државјани на седум муслимански земји, Иран најави дека во земјата ќе биде забранет влез на американски државјани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп потпиша декрет со кој на 90 дена е суспендиран влезот на мигранти од т.н. земји поврзани со тероризмот, а меѓу нив се наоѓаат Ирак, Либија, Сирија, Иран, Судан, Сомалија и Јемен. Во врска со тоа се огласи и Министерството за надворешни работи на Иран.
„Со цел заштита на правата на своите граѓани, Иран ќе постапува според правилото на реципроцитет, сè додека САД не ја укине забраната со која ги навредува граѓаните на Иран“, се вели во соопштението.
Истакнато е дека оваа одлука, иако таа на сила ќе биде ќе биде три месеци, претставува навреда за исламските земји, особено за Иран.