Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ХАСЕКА
Терористичката организација ЈПГ/ПКК веќе 3 дена држи под опсада воена зона што му припаѓа на режимот на Башар ал Асад во областа Камишли, на североистокот од Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои стигна дописникот на АА од локални извори, тензијата меѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК, која ја окупираше областа Камишли, и силите на режимот Асад ескалираше повторно од 3 јануари.
ЈПГ/ПКК, врз која беше направен притисок да ја предаде на режимските сили областа Ајн Иса на северот на Сирија, пред 3 дена во центарот на областа Камишли приведе неколку елементи на режимот, од кои и еден офицер.
Како одговор на тоа, безбедносните сили на режимот во областа приведоа неколку членови на терористичката организација.
Воената област во центарот на градот Камишли во провинцијата Хасека, позната како „Плоштад на безбедноста“, што е под контрола на режимските сили, веќе 3 дена е под опсада на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Претходните обиди на Русија да се намали напнатоста останаа без резултати.
Извори на АА наведуваат дека терористичката организација ЈПГ/ПКК сака да го намали присуството на режимските сили во областа.
На 28 декември 2020 година, ЈПГ/ПКК приведе генерал на режимот на Асад, кој сакаше да ја преземе областа Ајн Иса.
Режимот на Асад како одговор на тоа приведе група терористи на ЈПГ/ПКК. Напнатоста се намали со руската интервенција и со ослободувањето на уапсените.
Русија и режимот инсистираат терористичката организација ЈПГ/ПКК да го напушти градот што го држи под окупација и да го предаде на силите на режимот Асад.
- Ситуацијата во Хасека
Генерално Хасека е под окупација на терористичката организација, додека режимот на Асад ја контролира планината Кевкеп, „Плоштадот на безбедноста“ и 156-тата Бригада.
Аеродромот, воената бригада и „Плоштадот на безбедноста“ во центарот на Камишли се под контрола на режимот.
Некои државни институции во провинцијата Хасека, исто така, се управувани од режимот на Асад.