Ekipa
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
АЛЕПО (АА) – Воените авиони на меѓународната коалиција предводена од страна на САД против ДЕАШ, извршиле напад врз едно училиште во сирискиот градот Рака, каде што престојуваат бегалци, и го претвориле во урнатина, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА добиени од локални извори, нападот е извршен во понеделникот навечер, во појасот Мансура, кој се наоѓа 30 километри западно од Рака.
Локалните извори соопштија дека цел на нападот било едно училиште каде што престојуваат околу 50 семејства мигрирани од Хама, Хомс и од Рака, а зградата е претворена во урнатина. Стотици луѓе, сите жени и деца, го загубиле својот живот.
Исто така, локалните извори истакнаа дека овој регион е под контрола на ДЕАШ, но нема членови на ДЕАШ во околината на училишната зграда. Продолжува отстранувањето на урнатините.
- Вториот напад е извршен врз Табка -
Локалните извори истакнаа дека во исто време е извршен уште еден напад, во кој вкупно 40 лица, меѓу кои повеќето жени и деца, го загубиле својот живот. Целта нападот било гратчето Табка, кое се наоѓа во западниот дел на Рака.
Исто така, локалните извори нагласија дека продолжуваат со расчистувањето на урнатините, и дека се загрижени од можноста да расте бројот на загинатите.
Со оглед на фактот што Рака и неговата околина се под контрола на ДЕАШ, честопати нема пристап до интернет за снимените материјали да се пренесат во јавноста.
Локалните извори предвидуваат дека последните напади се исто така извршени од страна на воените авиони на меѓународната коалиција предводена од страна на САД против ДЕАШ, бидејќи овој регион е често изложен на нивните напади.