Rıyaz Khalıq
15 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Тајландската Влада ги интензивира своите напори за ставање крај на опасното загадување на воздухот преку создавање вештачки дожд, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според извештаите на локалните медиуми, загадувањето на воздухот во многу делови од врвните туристички дестинации на Тајланд достигнало опасно ниво.
Поради високото ниво на загаденост на воздухот, во продавниците снемува залихи со маски.
Локалните власти ги чистат најфреквентните сообраќајници со галони вода и прскаат вода на небото над Бангкок за да произведат вештачки дожд.
„Властите вечерва треба да распоредат два авиона со технологија за создавање вештачки дожд, во обид да создадат пороен дожд во источниот дел на Бангкок“, објави весникот „Бангкок пост“ (Bangkok Post).
Припадници на Кралската тајландска армија и Општина Бангкок прскаа вода на патиштата во главниот град од 60 камиони.
„Наскоро ќе се воведат и строги закони против возилата кои испуштаат црни издувни гасови“, истануваат медиумите.
Активностите за создавање вештачки дожд се очекува да продолжат до овој викенд, а засегнатите страни се плашат од оштетување на земјоделските култури во неколку приградски подрачја.