Hasan Esen
17 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
САН БАРТОЛОМЕ ДЕ ПИНАРЕС (АА) - Во шпанското село Сан Бартоломе де Пинарес, се одржува традиционалниот фестивал „Las Luminarias“ , кој ја одржува традицијата стара пет века, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот се одржува во средината на јануари, секоја година, во чест на светецот Антониј Велики кој се смета за заштитник на домашните животни. Оваа година го привлече вниманието на целото локално население и на бројните туристи.

Синоќа, стотици Шпанци заедно со нивните гости јаваа коњи и запалија десет огнови во селото. Верскиот службеник го освети оганот, а потоа коњаниците го прескокнуваа пламенот.
Иако голем број организации за заштита на животните се спротивставуваат на ваквото искористување на коњите, локалното население сé уште верува дека поминувањето низ оган ги прочистува и ги зајакнува животните.

„Не е вистина дека коњите се изложуваат на опасност, бидејќи тие се паметни животни и не може да ги натерате да направат нешто што е опасно за нив“, рече еден од учесниците на овогодинешниот фестивал.
Еден од жителите изајви дека пораснал со фестивалот „Las Luminarias“ и дека е среќен што овој настан стана планетарно популарен.