Hasan Esen,Şerife Çetin
26 Мај 2017•Ажурирај: 26 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Самитот на НАТО во Брисел изјави дека е донесена одлука Сојузот да учествува во меѓународната коалиција во борбата против ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Сепак, Столтенберг на прес-конференцијата нагласи дека НАТО нема да преземе никаква, како рече, „воена улога“ во рамките на коалицијата.
Тој истакна дека за време на вчерашниот состанок, најмногу било разговарано за борбата против тероризмот.
Столтенберг додаде дека сите земји-членки се усогласиле за акцискиот план во врска интензивирањето на напорите на алијансата и на ова поле.
Исто така, генералниот секретар на НАТО истакна дека на самитот е донесена одлука да биде продолжена мисијата на НАТО и во Авганистан, и изрази задоволство за тоа што одредени земји-членки се подготвени да ги испратат војниците во мисија.
Тој нагласи дека е донесена одлука да биле засилена поддршката на меѓународната коалиција во борбата против ДЕАШ.
Тој додаде дека за таа цел ќе бидат ангажирани повеќе авиони во набљудувачките мисии за воено предупредување, а ќе бидат интензивирани и активностите за размена на разузнавачките податоци.
„Одлучивме НАТО да биде полноправен член на меѓународната коалиција. Сите 28 членки на Алијансата сега се членки на коалицијата. Присуство во коалицијата не значи дека НАТО ќе учествува во борбите, но испраќа посилна порака за нашата посветеност на глобалната борба против тероризмот“, изјави Столтенберг.
На крајот, тој истакна дека ќе биде продолжена и мисијата на НАТО за обука на ирачките безбедносни сили.
Во Брисел денес е одржан Самит на НАТО на кој учествуваа лидерите на сите 28 членки на тој сојуз.