Erbil Başay
27 Август 2020•Ажурирај: 28 Август 2020
БЕРЛИН
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека кризата на Источниот Медитеран треба да се реши во сојузништво со духот на солидарност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг пред неговата средба со германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека сите се загрижени од тензиите на Источниот Медитеран.
Тој ги поздрави напорите на Германија за намалување на тензиите.
„Оваа криза треба да се реши во сојузништво со духот на солидарност и во согласност со меѓународното право. Дијалогот и намалувањето на тензиите е во корист на сите“, додаде тој.
Меѓу другото, Меркел нагласи дека се вознемирани од тензиите на Источниот Медитеран бидејќи тие се случуваат меѓу две земји членки на НАТО.
Германската канцеларка рече дека Германија вложува напор за намалување на тензиите на Источниот Медитеран.