свет

Стејт департмент: „Геноцидот во Сребреница не смее да биде негиран и заборавен“

„Американскиот народ се придружува на народот на Босна и Херцеговина во оддавање почест на повеќе од 8.000 невини жртви“

Adis Karaca  | 11.07.2019 - Обновена : 11.07.2019
Стејт департмент: „Геноцидот во Сребреница не смее да биде негиран и заборавен“

САРАЕВО (АА) - Од американскиот Стејт департмент денеска повторија дена геноцидот во Сребреница не смее да биде негиран и заборавен, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението е наведено дека денеска одбележуваат 24 години од геноцидот во Сребреница.

„Американскиот народ се придружува на народот на Босна и Херцеговина во оддавање почест на повеќе од 8.000 невини жртви“, се наведува.

Повторено е дека болното поглавје на европската историја никогаш не смее да биде негирано или заборавено.

„Стоиме покрај оние кои продолжуваат да ја бараат правдата. Повторно ја потврдуваме нашата непрекината поддршка до оние кои работат на зачувување на достоинството на сите жртви, вклучувајќи ги и оние кои сѐ уште чекаат на своето последно засолниште. Трагичните настани нѐ потсетуваат на потребата заедно да работиме за подобра иднина, онаа која е стабилна, просперитетна и инклузивна за сите граѓани на БиХ“, се соопштува од Стејт департментот.

Потоа се наведува дека Соединетите Американски Држави (САД) остануваат цврст партнер на народот на БиХ.

„Денеска, додека се присетуваме на жртвите, ја потврдуваме нашата посветеност на изградбата на мир и просперитет низ регионот и сигурноста дека таквата трагедија никогаш повеќе нема да се повтори“, наведоа од Стејт департментот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.