свет

Стапката на криминал во Јужна Африка негативно влијае на имиџот и економијата на земјата

- Јусуф Абрамџи, потпретседател на Меѓународната фондација за стоп на криминалот (Crime Stoppers International): „Некој може да ве убие само за вашиот телефон или за малку пари. За жал, човечкиот живот овде стана многу евтин.“

Gökhan Kavak, Adam Abu-bashal  | 12.02.2020 - Обновена : 13.02.2020
Стапката на криминал во Јужна Африка негативно влијае на имиџот и економијата на земјата

АБУЏА 

- Ѓокхан КАВАК / Адам АБУ-БАШАЛ

Зголемените стапки на криминал во Република Јужна Африка, која е една од најпознатите економски и туристички земји во Африка, имаат негативно влијание врз економијата и имиџот на земјата.

Низ целата земја, на секои 4 или 5 минути една жена е силувана, на секои 5 минути има грабеж, а просечно се убиени 58 лица на ден.

Јусуф Абрамџи, потпретседател на Меѓународната фондација за запирање на криминалот (Crime Stoppers International), за новинарот на АА изјави дека Јужна Африка е една од земјите со највисок процент на криминал во светот.

Абрамџи, истакнувајќи дека зголемените криминални дејства во земјата негативно влијаат врз економијата, нагласи: „Безбедносниот проблем во Јужна Африка ги спречува туристите и инвеститорите да доаѓаат во земјата и негативно влијаат на имиџот на земјата. Оваа ситуација стана проблем за граѓаните на земјата.“

Посочувајќи дека злосторствата извршени во земјата се случуваат во регионите каде што живеат богатите луѓе, Абрамџи истакна дека криминалот не е само како резултат на сиромаштија, туку и поради класните разлики.

Во земјата, 3,4 милиони млади на возраст од 11 до 24 години воопшто не можат да одат на училиште и немаат никакво стручно образование.

Слабеењето на семејните врски исто така го зголемува учеството на децата во криминалните структури.

„Невработеноста, сиромаштијата и луѓето што живеат на улиците се најголемите фактори за зголемувањето на стапката на криминал во земјата. Поради невработеноста, има многу случаи на киднапирање луѓе. Потоа за нив се изнудува откуп за да бидат ослободени. Тоа е еден од најголемите проблеми. Некој може да ве убие само за вашиот телефон или за малку пари. За жал, човечкиот живот овде стана многу евтин“, рече Абрамџи.


- „Во просек секој ден се убиваат 58 луѓе“

Наведувајќи дека стапките на криминал во Јужна Африка се надвор од контрола, Абрамџи истакна дека земјата се соочува со навистина ужасна војна.

„Нашите граѓани живеат во страв. На секои 4 или 5 минути една жена е силувана, на секои 5 минути се пријавува грабеж“, нагласи Абрамџи.


- Полицијата не е доволна за да го намали криминалот

Во земјата со население од 58 милиони има 9 илјади приватни безбедносни компании и приближно 2 милиони службеници за безбедност. Овој број на вработени во приватните компании за безбедност е поголем од вкупната бројка на полицајци и војници во земјата.

Истакнувајќи дека во Јужна Африка нема доволно полицајци, Абрамџи рече: „Полицијата не успева да го намали криминалот.“

Затоа Јужноафриканците им плаќаат на приватни компании за безбедност повеќе од 3 милијарди американски долари годишно за да се заштитат себеси и својот имот.

Барајќи поддршка од граѓаните за да се намали криминалот, Абрамџи рече: „Владата презема чекори за да го спречи криминалот, но тоа не е доволно. Ако безбедносните сили и граѓаните дејствуваат заедно против криминалците, ќе можеме да ја заштитиме нашата земја.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.