свет

Спречен нов обид за државен удар во Судан

Генерал Џемал Омер, шеф на Комитетот за безбедност и одбрана на Воениот совет, изјави дека имало неуспешен обид за државен удар во којшто учествувале активни и пензионирани лица од вооружените сили и разузнавачките агенции

Ömer Erdem  | 12.07.2019 - Обновена : 13.07.2019
Спречен нов обид за државен удар во Судан

КАРТУМ (АА) - Суданскиот Транзициски воен совет истакна дека во земјата е спречен нов обид за државен удар и дека одговорното лице за иницијативата е фатено, пренесува Anadolu Agency (AA).

Генерал Џемал Омер, шеф на Комитетот за безбедност и одбрана на Воениот совет, во изјавата за државната телевизија на Судан наведе дека имало неуспешен обид за државен удар во којшто учествувале активни и пензионирани лица од вооружените сили и разузнавачките агенции.

Тој, исто така, истакна дека се притворени командантот, којшто бил на чело на обидот за државен удар, 12 офицери, од кои 7 биле на активна должност, и 4 подофицери.

Генералот Омер нагласи дека целта на новиот обид за државен удар, кој е спречен, е да го поткопа конечниот договор што треба да биде донесен со опозициските сили на Декларацијата за слобода и промени.

Портпаролот на суданскиот Транзициски воен совет, Шемседин Кебаши, истакна дека во јуни имало обид за државен удар во кој биле вклучени група војници и политичари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın