Esra Taşkın
18 Декември 2022•Ажурирај: 19 Декември 2022
ПАРИЗ (АА) - Француските спасувачки тимови спасија 166 нерегуларни мигранти кои сакале преку Ламанш да преминат во Велика Британија, известува Агенција Анадолија (АА).
На различни бротчиња се наоѓале 166 нерегуларни мигранти кои синоќа и утрово се обиделе да го преминат Ламанш.
Додека француските поморски тимови спасија околу 50 нерегуларни мигранти заглавени во поморскиот дел на Па де Кале, уште 76 нерегуларни мигранти во истиот регион се спасени со два различни бродови за спасување и помош.
Друг спасувачки и помошен брод пресретнал 40 нерегуларни мигранти и ги донел во пристаништето Кале.