Dildar Baykan
05 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) одржа итна седница по интервенцијата на Војската врз демонстрантите во суданскиот главен град, Картум, пренесува Anadolu Agency (AA).
На повик на Велика Британија и Германија, Советот за безбедност на Обединетите нации одржа затворена седница за настанатите насилства пред неколку дена во Судан.
По седницата, постојаните претставници на Франција, Велика Британија, Германија, Белгија, Холандија, Полска, Шведска и Италија дадоа заедничко соопштение за медиумите.
- Осуда од европските земји -
Николас Хајсом, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Судан, преку соопштение истакна дека го информирал Советот за безбедност на ОН за последните случувања во регионот.
„Ги осудуваме нападите на суданските безбедносни сили врз цивилите, кои резултираа со губење на голем број животи и повреди. Исто така, ние сме длабоко загрижени од информациите дека здравствените услуги за повредените лица се спречени“, нагласи Хајсом во соопштението.
„Нападот врз цивилите го поткопа значајниот процес за транзиција во земјата“, се вели во соопштението и се додава: „Ги повикуваме безбедносните сили на Судан да ги прекинат своите насилни акции, да ги почитуваат човековите права и основните слободи и да ја обезбедат сигурноста и безбедноста на цивилите“.
Советот за безбедност на Обединетите нации во соопштението наведе дека се загрижени поради тоа што преговорите се прекинати од една страна и поради тоа што ќе биде именувана нова влада и дека наскоро ќе се одржат избори.
Советот, исто така, посочува дека ќе го поддржат процесот на транзиција, предводен од страна на цивилите, и слободните и фер избори.
„Народот на Судан покажува голема храброст и отпор за да се изгради подобра иднина во земјата и да се стави крај на автократскиот режим. Ние ги поддржуваме нивните демократски права и стоиме со нив“, се вели во заедничкото соопштение.
- Случувањата во Судан -
Безбедносните сили на Судан употребија вистински куршуми и солзавец врз демонстрантите собрани пред седиштето на Армијата. Опозициските извори тврдат дека најмалку 60 лица ги загубиле своите животи.
Демонстрациите кои започнаа во Судан на 19 декември 2018 година поради економската криза брзо се проширија и во главниот град, Картум, и се претворија во демонстрации против режимот. Армијата на 11 април објави дека ја презема власта и на тој начин беше ставен крај на 30-годишниот режим на Омар ал Башир.
По преземањето на власта од страна на Армијата, демонстрантите протестираа за да се премине кон цивилна власт и преговараа со Армијата за тоа како треба да биде формирана преодната влада.