Ekip?
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
АЛЕПО (АА) - Сириската опозиција на подрачјето на Eтариб, во западниот дел на сирискиот град Алепо, пали гуми со цел да ја намали видливоста на воените авиони кои го бомбардираат ова подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради интензивни воздушни напади од страна на руските и сириските воени авиони опозициските сили одлучија со палење на гуми да го спречат бомбардирањето на ова подрачје.
Сепак, најмалку три лица загинаа, а 15 беа повредени во напад на руските авиони извршен денеска. Нападот е извршен врз бегалси камп во близина на Eтариб.
Според официјални претставници на Цивилната заштита во оваа област, нападот со касетни бомби е извршен во бегалскиот камп Марет Ел Eтариб.
Во нападот загинаа три лица, од кои две се деца. По бомбардирањето се запалени голем број на шатори во кампот.