Esat Fırat
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Репортерот на Anadolu Agency (AA) го сними вчерашниот провокативен гест на израелската полиција на неодамна отворената „Порта на милоста“ во комплексот Ал Акса, во Стариот град на окупираниот Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските полицајци влегоа низ „Портата на милоста“ како придружба на делегацијата на израелскиот Кабинет за историско наследство, а во таа прилика полицајците влегоа во месџидот со чизми.

Членовите на израелската делегација го фотографираа, мереа и разгледуваа просторот на „Портата на милоста“. Службениците на Ал Акса се обидоа да ја запрат израелската делегација, во што ги спречи израелската полиција.
Целиот настан со камера го забележа репортерот на АА.
„Портата на милоста“ се наоѓа на источните ѕидини на комплексот Ал Акса, а израелските власти ја чуваа затворена од 2003 година.
Група палестински момчиња на 18 февруари ги отстрани ланците од портата, а израелската полиција уапси неколку момчиња и го блокираше комплексот.
Израелските сили и ден подоцна извршија напад на Палестинците кои беа насобрани кај „Портата на милоста“, во кој беа повредени повеќе лица.
Палестинците на 22 февруари успеаја да ја отворат „Портата на милоста“ и прв пат по 16 години да клањаат џума намаз во тој дел на комплексот.