Ethem Emre Özcan,Mohamad Misto
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
ХАСЕКА
Според информациите на Агенција Анадолија (АА) добиени од локални извори, терористичката организација ЈПГ/ПКК го забрзала насилното регрутирање на младите во окупираната покраина Хасека, на североистокот на Сирија.
Терористите, кои претходно спроведуваа слични практики, во последните две недели во подрачјето на Хасека и Камишли, привеле стотици мажи на возраст од 18 години па нагоре, во рации по домовите.
Младите кои се приведени однесени се во таканаречените кампови за обука во Хасека, на североистокот на земјата.
Терористите на ЈПГ/ПКК приведоа скоро 400 млади луѓе на возраст од 18-35 години во Хасека, во првата недела од јули и со закана со оружје ги распоредија во своите редови.