свет

Силна интервенција на полицијата на протестот против самитот на НАТО во Хаг

- „Стоп на геноцидот! Стоп на фашизмот и расизмот! Стоп на уништувањето на фосилите!“

Elena Trenchevska Chekovikj  | 25.06.2025 - Обновена : 25.06.2025
Силна интервенција на полицијата на протестот против самитот на НАТО во Хаг

СКОПЈЕ (АА) – Холандската полиција во Хаг силно интервенираше на протестот на пропалестинските демонстранти и климатските активисти откако го блокираа автопатот А12 во знак на протест против самитот на лидерите на НАТО во градот, јавува Анадолу.

Протестот, организиран од движењето „Extinction Rebellion“, резултираше со притворање на неколку учесници. Демонстрантите извикуваа слогани за поддршка на Палестина и ја критикуваа глобалната неактивност во врска со климатските промени.

Повремено беше забележано како полицијата користи палки, а некои демонстранти беа и физички влечени од патот.

„Extinction Rebellion“ подоцна објави соопштение на својот X профил во кое порача:

„Стоп на геноцидот! Стоп на фашизмот и расизмот! Стоп на уништувањето на фосилите!“

Лидерите на земјите од НАТО денес се собраа во Хаг на историски самит за зајакнување на Алијансата во услови на растечките глобални закани, откако генералниот секретар Марк Руте предложи сите земји членки да издвојуваат 5% од БДП за одбраната.

Триесет и двете земји членки на НАТО се обврзаа на значително зголемување на издвојувањата за одбраната, ветувајќи дека ќе издвојуваат 5% од бруто-домашниот производ (БДП) годишно до 2035 година со цел да ги задоволат и основните одбранбени барања и пошироките безбедносни потреби.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.