Ekipa
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Пратеникот на Северна Кореја во Комисијата на ОН за вооружување изјави дека неговата земја категорично ја отфрла резолуцијата на Советот за безбедност на ОН којашто наметнува нови санкции поради нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг, јавува Anadolu Agency (AA).
Севернокорејскиот амбасадор Хан Тае Сонг, исто така, ги нападна САД на пленарната седница на конференцијата на ОН за вооружување, велејќи дека Северна Кореја ги осудува злобните намери на Вашингтон.
Сонг своите коментари ги изнесе денес, со оглед на тоа што Северна Кореја се соочува со нови критики на телото со седиште во Женева, поради неодамнешното тестирање на балистички ракети и нуклеарно вооружување. Перуанската пратеничка Мариа Антониа Масана Гарсија изјави дека амбасадорот на Северна Кореја во нејзината земја ќе го сметаат за персона нон грата.
Американскиот амбасадор при ОН, Роберт Вуд, ги поздрави санкциите на Советот за безбедност изгласани вчера, велејќи дека меѓународната заедница никогаш нема да ја прифати Северна Кореја како земја со нуклеарно вооружување.