Adam Abu-bashal
07 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
АБУЏА
Во централниот дел на Зимбабве, во подрачјето Квекве дојде до уривање на дел од рудник за злато. Во несреќата животот го загубија 2 лица, а под урнатините се наоѓаат 20 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на единиците за Цивилната заштита на подрачјето Квекве, Фортуне Мупунгу, изјави дека во регионот дошло до уривање на дел од рудник за злато кој работел нелегално.
Мупунгу информира дека спасувачките екипи ги извлекле телата на двајца починати рудари, додавајќи дека под урнатините се наоѓаат 20 рудари.
Истакнувајќи дека во тек се спасувачките активности, Мупунгу ја изрази својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на починати.
Во Зимбабве од 2007 година досега, под името „Чикорокоза Нгачипере“ се водат активности против рударите кои нелегално работат во рудниците, при што се приведени повеќе од 2.300 лица.