Ekip
06 Март 2023•Ажурирај: 07 Март 2023
АНКАРА (АА) - Саудиска Арабија денес потпиша договор со Туркије за депонирање на 5 милијарди долари во турската Централна банка, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Саудискиот фонд за развој (СФД) се вели дека договорот е потпишан од претседателот на СФД, Ахмед ал-Хатиб, и гувернерот на банката, Шахап Кавџиоглу.
„Ова депонирање се случи како продолжување на историските односи и блиската соработка меѓу Кралството Саудиска Арабија и Република Туркије и нејзиниот братски народ“, се вели во соопштението на СФД.
Во декември 2022 година, саудискиот министер за финансии Мохамед бин Абдула ал-Џадан рече дека Кралството богато со нафта ќе депонира 5 милијарди долари во турската Централна банка.