Hasan Esen
15 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
БРИСЕЛ (АА) - На Самитот на лидерите на Европската унија (ЕУ), унијата одлучи да не го менува својот став по прашањето за Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателите и премиерите на 28 земји-членки на ЕУ, на Самитот во Брисел дискутираат за Брегзит, бегалската криза, Кудс, Русија, одбраната на унијата, за социјални и економски прашања.
Вчера, на крајот од првиот ден од Самиот во Брисел беше објавено соопштение за донесените одлуки. Учесниците на самитот го изразија своето задоволство што постои согласност околу донесување на трајна соработка во одбраната, што e предвидена со Програмата за постојана структурна соработка во одбраната (PESCO).
Повикувајќи на поголема работа во Европскиот фонд за одбрана, побарано е забрзано да се усвои Програмата за одбранбената индустрија на Европа за 2018 година.
На темата „Климатски промени”, ЕУ и земјите членки ја истакнаа својата обврска во потполност и забрзано да прејдат во имплементација на Договорот од Париз, изјавувајќи дека ќе продолжат да ја играат примарната улога во борбата против климатските промени.
Меѓу одлуките од вчерашните средби се најде и ставот за Кудс, во кој се вели „ЕУ ја потврдија својата посветеност кон дводржавно решение и во тој контекст нагласува дека ставот на унијата за прашањето на Кудс нема да се менува”.
ЕУ го поддржува ставот Кудс да биде главен град на двете држави, според границите поставени во 1967 година. ЕУ, за разлика од претседателот на САД, Доналд Трамп, избегнува еднострани чекори и сака статусот на Кудс да биде одреден како резултат на преговори.
Денеска на Самитот, лидерите ќе дискутираат за Брегзит и економски прашања.