Ekip
18 Јули 2024•Ажурирај: 24 Јули 2024
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку едно лице загина од разорувањата што ги предизвика силното торнадо во местото Рим, во округот Онеида во американската сојузна држава Њујорк, известува Анадолу.
На фотографиите направени во округот Онеида можат да се видат разрушени куќи откако низ тој предел вчера мина торнадо.
Локалните власти потврдија дека најмалку едно лице го загуби животот. Во исто време, без струја останале илјадници жители во северните делови на државата Њујорк.