Michael Hernandez
28 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Предупредувањето на Белата куќа кон сирискиот претседател, да се воздржи од потенцијален напад со хемиско оружје, се однесува и на неговите меѓународни партнери Русија и Иран, изјави вчера американската амбасадорка во ОН, пренесува Anadolu Agency (АА).
Од Белата куќа вчера беше порачано дека доколку силите на Башар ал Асад извршат уште еден напад со хемиско оружје, тој и неговата војска ќе платат висока цена“.
Според зборовите на Ники Хејли, тоа предупредување се однесува на сојузниците на Асад во Москва и Техеран.
Зборувајќи во американскиот Пододбор за операции во странство, Хејли изјави дека целта не е само да се испрати порака до Асад туку и до Русија и Иран.
„Тоа е предупредување, доколку се случи тоа повторно. Се надевам дека предупредувањето до претседателот ќе влијае и на Иран и на Русија, уште еднаш да го разгледаат ова прашање, и се надевам дека ова е порака до Асад дека ние не сакаме повторно да видиме повредени невини мажи, жени и деца“, рече таа.
Во кратка изјава, Белата куќа објави дека се детектирани потенцијални знаци за подготовките на уште еден хемиски напад сличен на оној од 4. април, за кој администрацијата на Трамп го обвини Дамаск.
Белата куќа не наведе за какви докази се работи, ако тие постојат, и сѐ уште не ги објави тие докази. Пентагон како место за наводните подготовки ја наведе воздушната база Шајрат, место коешто беше нападнато со десетици американски проектили откако администрацијата на Трамп објави дека оттаму се лансирани проектилите за време на нападот на 4. април.
Тој напад беше прв во којшто САД ги имаа за цел силите на Асад за време на шестогдишната војна во Сирија.