Ekip
07 Февруари 2025•Ажурирај: 08 Февруари 2025
КАЛИФОРНИЈА (АА) - Поплавите предизвикани од феноменот „атмосферска река“ продолжуваат во подрачјето на Сонома во американската сојузна држава Калифорнија, а негативно се одразија на секојдневието на граѓаните, јавува Анадолу.
Како последица на излевањето на реките во регионот неколку патишта се затворени за сообраќај. Во некои области се забележани свлечишта. Ризичните области се заградени со лента и друга сигнализација за предупредување на граѓаните.
Сојузната држава Калифорнија веќе неколку дена се соочува со поплави и лизгања на земјиштето како последица на силните ветрови и врнежи од дожд предизвикани од ефектот на „атмосферска река“, феномен на тесен коридор на концентрирана влага во атмосферата.
Поради неповолните временски услови, откажани се многу летови, а на граѓаните им е препорачано да внимаваат.