Esra Akgün
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
БАГДАД (АА) - Американскиот заменик државен секретар, Тони Блинкен, кој се наоѓа во посета на Ирак, вчера изјави дека повторно е воспоставена контрола над околу 50 отсто од територијата во Ирак што претходно беше окупирана од ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Пред две години, Багдад и Ербил беа под силна закана од ДАЕШ. Меѓутоа, сега, благодарение на коалициските и ирачките сили, вратена е 50 отсто од територијата што беше контролирана од ДАЕШ“, изјави Блинкен.
Тој додаде дека околу милион раселени лица се вратиле во своите домови, на подрачјето претходно контролирано од ДАЕШ.
Блинкен исто така истакна дека САД за Ирак ќе донира 181 милион долари хуманитарна помош, со што, како што рече, помошта за таа земја што е обезбедувана од 2014 година, ќе достигне милијарди долари.
На крајот нагласи дека сето внимание во овие моменти е насочено кон операцијата во Мосул.
„ДАЕШ сигурно го победуваме, полека, и сите напори се насочени кон операцијата во Мосул. Откако ќе бидат ослободени сите делови на Ирак, ДАЕШ би можел да се трансформира во успиени ќелии“, изјави Блинкен.
Блинкен по посетата во Багдад се состана со највисоките ирачки официјални претставници.