Kasım İleri
01 Декември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Ерик Пахон, портпаролот на Канцеларијата за Блискиот исток во Пентагон, изјави дека САД од организацијата ПКК/ПЈД ќе го врати сето оружје кои го дале претходно, а кое би можело да претставува закана за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Категорички кажано, ќе го собереме оружјето кое би можело да претставува закана за нашиот сојузник Турција “, изјави Пахон за АА.
Тој додаде дека сепак нема да го вратат оружјето како што се багери, мини и рачни експлозивни средства.
Пахон нагласи дека ќе соберат видови на оружје како оклопни возила, митралези, ракетни фрлачи и сите други видови на оружје кои би можеле да бидат употребени против оклопните возила.
Пентагон во вторник соопшти дека имаат намера да го вратат тешкото орудје и оружје кое претходно го испорачале на организацијата ПКК/ПЈД.
Портпаролот на Пентагон, Роберт Манинг, на новинарското прашање за тоа дали САД планира да изврши собирање на оружјето кои претходно го дале на ПКК/ПЈД, во пишано соопштение наведе дека постои таква намера.
Тој нагласи дека воените сили кои ги поддржува САД го прифатиле условот дека ќе се придржуваат до Женевската конвенција како и конвенцијата за оружени судири.