Hakan Çopur
31 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
ВАШИНГТОН
Американскиот Стејт департмент му наложи на персоналот на дипломатската мисија во Мјанмар, чие присуство не е неопходно, да ја напушти таа држава поради порастот на насилството, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека по воениот пуч во Мјанмар дошло до пораст на насилството во многу делови на државата.
Стејт департментот им наложи на членовите на американската мисија, чие присуство не е неопходно, како и на нивните семејства, веќе од денес да почнат да го напуштаат Мјанмар.
Во соопштението уште се наведува дека и понатаму е на сила предупредувањето да не се патува во таа држава и дека се апелира до американските државјани да не патуваат во Мјанмар, доколку не е неопходно.
Мјанмарската Војска на 1 февруари оваа година изврши удар и ја презеде власта во земјата под изговор дека ноемвриските избори биле нерегуларни.
Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси челниците на Владата, вклучувајќи ја и мјанмарската лидерка Аунг Сан Чу Чи.
Масовните протести против воениот удар започнаа на 6 февруари. Во насилните интервенции на Војската за време на протестите се убиени повеќе од 500 лица.