Sayed Khodaiberdi Sadat
07 Август 2021•Ажурирај: 08 Август 2021
Амбасадите на САД и Велика Британија во авганистанскиот главен град Кабул побараа од своите државјани, што се наоѓаат во Авганистан, итно да ја напуштат оваа земја поради зголемените насилни настани во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Амбасадата на САД се наведува дека од американските државјани е побарано веднаш да го напуштат Авганистан користејќи ги сите постоечки опции на комерцијални летови.
Во ова соопштение се вели дека имајќи ги предвид постоечките безбедносни услови и намалениот број на персонал, Амбасадата има исклучително ограничен капацитет да им помогне на американските државјани во Авганистан.
Исто така, американската Амбасада упати предупредување до државјаните на САД да не патуваат во Авганистан.
Од друга страна, исто и Амбасадата на Велика Британија побара од британските државјани да не очекуваат помош во ваков период на криза и во најкратко време да го напуштат Авганистан.
Во соопштението е упатено предупредување дека персоналот на Амбасадата не треба да патува надвор од Кабул поради безбедносните закани.