свет

САД ги повикаа Азербејџан и Ерменија на намалување на тензиите до кои дојде поради поставувањето на границите

„Провокативни се воените чекори во врска со границите кои сè уште не се утврдени“

Hakan Çopur  | 18.05.2021 - Обновена : 19.05.2021
САД ги повикаа Азербејџан и Ерменија на намалување на тензиите до кои дојде поради поставувањето на границите

ВАШИНГТОН (АА) - Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Белата куќа, на средбите со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и со ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, повика на намалување на напнатоста до која дојде поради поставувањето на границите и побара двете страни да ја продолжат меѓусебната комуникација, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение од Белата куќа се вели дека Саливан остварил одделни телефонски разговори со Алиев и Пашинјан и дека разговарал за тензичната состојба во регионот.

Според соопштението, Саливан ја изразил својата загриженост поради граничната напнатост меѓу Азербејџан и Ерменија и изјавил дека „провокативни се воените чекори во врска со границите кои сè уште не се утврдени“.

Саливан го изразил задоволството што продолжува комуникацијата меѓу двете земји и што двајцата лидери се посветени на мирно решавање на проблемот.

Подвлекувајќи ја неопходноста од официјални преговори за утврдување на меѓународните граници на Азербејџан и Ерменија, Саливан истакнал дека САД ќе продолжат со напорите за намалување на тензиите во регионот во рамките на групата Минск.

Позиционирањето на азербејџанската Армија на границата со Ерменија во провинциите Лачин и Келбаџар, кои беа ослободени од окупацијата на Ерменија, предизвика тензија меѓу двете земји.

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, реши по ова прашање да ѝ се обрати на Организацијата за договор за колективна безбедност, тврдејќи дека некои региони каде што се позиционирала азербејџанската Армија се ерменски територии.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın