Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
18 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
АНКАРА (АА) - Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара ги отфрли тврдењата за постоење договор помеѓу САД и Турција во врска со прашањето за авганистанските бегалци, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Амбасадата на САД сака да обзнани дека обвинувањата за договор помеѓу претседателот Џо Бајден и претседателот Реџеп Таип Ердоган во врска со авганистанските бегалци или мигранти се целосно неосновани“, се наведува во соопштението објавено на Твитер.
Соопштението уследи откако талибанското движење во последните недели брзо напредуваше во Авганистан, преземајќи ја контролата врз главниот град Кабул во неделата, додека авганистанските владини сили бегаа или се предаваа.