свет

САД во Сирија нападна група поддржана од Иран

- Армијата на САД во Сирија нападна една група поддржана од Иран со образложение дека е поврзана со нападите во Ирак

Kasım İleri  | 26.02.2021 - Обновена : 26.02.2021
САД во Сирија нападна група поддржана од Иран

ВАШИНГТОН 

Армијата на САД во Сирија нападна една група поддржана од Иран со образложение дека е поврзана со нападите во Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за дописникот на АА, одговорно лица од одбраната на Соединетите американски држави (САД) потврди дека нападнале една група во Сирија, поддржана од Иран, за која се смета дека е поврзана со ракетните напади во Багдад и Ербил.

Одговорното лице од одбраната на САД не даде повеќе детали за извршениот напад.

Од друга страна, во американските медиуми се тврди дека претседателот на САД Џо Бајден го одобрил нападот и дека станува збор за само еден воздушен напад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın