свет

САД: Во Калифорнија потврден и третиот случај на коронавирусот

- Центрите за контрола на болеста потврдија дека патник од кинескиот град Вухан, центарот на епидемијата, бил позитивен на вирусот

Ekipa  | 26.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
САД: Во Калифорнија потврден и третиот случај на коронавирусот

САНТА АНА

Пациент на југот од Калифорнија е трето лице во Соединетите Американски Држави кај кое е дијагностициран новиот коронавирус од Кина, објавија официјалните американски здравствени претставници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Центрите за контрола на болеста потврдија дека патник од кинескиот град Вухан, центарот на епидемијата, бил позитивен на вирусот“, соопшти Здравствената агенција на округот Оринџ.

Во соопштението се истакнува дека пациентот се наоѓа во карантин и дека е во добра здравствена состојба.

Ова е прв случај на овој вирус во Калифорнија, кој претходно е откриен во сојузната држава Вашингтон на 21 јануари и во Чикаго на 24 јануари. И во двата случаи, пациентите патувале во Кина.

Новинската агенција „Синхуа“ го објави податокот на кинеската Национална здравствена комисија, која потврди дека бројот на смртно настрадани од епидемијата на коронавирусот во Кина се искачил на 56 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın