Elena Teslova
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
МОСКВА (АА) - Русија денеска соопшти дека нејзините сили го завршиле повлекувањето од украинскиот Змиски Остров во северозападниот дел на Црното Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Чекорот беше преземен за да се ослободи патот за извоз на житото од Украина“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
„На 30 јуни, како чекор на добра волја, Вооружените сили на Руската Федерација ги завршија задачите на Змискиот Остров и се повлекоа од гарнизонот стациониран таму.“
„Така, на светската заедница ѝ беше покажано дека Руската Федерација не ги попречува напорите на ОН за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од територијата на Украина“, се додава во соопштението.
Се нагласува дека на ред е Киев да ги исчисти мините на морскиот брег и во пристаништата, со цел да се обезбеди можност за извоз на житото.