Elena Teslova
03 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека нема опасност од нуклеарна контаминација по избувнувањето на пожар на истражувачка подморница во Баренцовото Море, при што загинаа 14 членови на екипажот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството вели дека не ги предупредиле Норвешката управа за радијација и властите на Нуклеарната безбедност за радијација на местото на инцидентот, спротивно на наводите на некои медиуми дека Министерството ги предупредило норвешките власти за можноста од нуклеарна контаминација.
Пловилото се запали на 1 јули, додека екипажот извршувал биометриски мерења во Баренцовото Море.
Четиринаесетте морнари наводно починале од вдишување токсичен чад од пожарот. „Седум од починатите беа високи воени офицери“, изјави претседателот Владимир Путин на состанокот со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.
Путин му наложил на Шојгу да отпатува во арктичкото пристаниште „Североморск“, каде што беше донесено пловилото, со цел лично да испита што се случило.