свет

Русија на Куба испраќа хуманитарна помош во форма на нафта

Куба се соочува со сериозна енергетска криза поради заострените американски санкции кои во голема мера го прекинаа дотокот на нафта од Венецуела, која претходно беше еден од главните извозници на нафта за Куба

Elena Teslova  | 12.02.2026 - Обновена : 12.02.2026
Русија на Куба испраќа хуманитарна помош во форма на нафта

МОСКВА (AA) - Русија планира да испрати хуманитарна помош во форма на нафта и нафтени деривати на Куба во блиска иднина, соопшти руската Амбасада во Хавана, пренесува Анадолу.

„Во блиска иднина се очекува испорака на нафта и нафтени производи од Русија на Куба како хуманитарна помош“, соопшти Амбасадата во интервју за рускиот дневник „Известија“.

Дипломатската мисија, исто така, наведе дека одржува постојана комуникација со руската авиокомпанија „Аерофлот“ и кубанските власти за цивилно воздухопловство со цел да се осигура безбедно враќање на руските државјани во нивната татковина. „Аерофлот“ најави организирање евакуациски летови за руските туристи кои остануваат на Куба, со поаѓања од Варадеро и Хавана кон Москва.

Руското Министерство за економски развој поради „вонредната состојба со снабдувањето со гориво“ ги советуваше руските туристи да ги одложат патувањата на Куба и ги повика туроператорите и туристичките агенти да ја прекинат продажбата на аранжмани.

Куба се соочува со сериозна енергетска криза поради заострените американски санкции кои во голема мера го прекинаа дотокот на нафта од Венецуела, која претходно беше еден од главните извозници на нафта за Куба.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın