Elena Teslova
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Руска компанија изврши испорака на три повеќенаменски хеликоптери во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние го спроведовме договорот за набавка на три „Ka-32“ хеликоптери на Турција“, изјави за новинарите извршниот директор на руската компанијата „Руски хеликоптери“, Андреј Богински, за новинарите во рамките на форумот „ARMY-2019“ во Москва.
Тој додаде дека Москва и Анкара водат разговори за купување на уште хеликоптери од компанијата.
Русија и Турција го потпишаа договорот за хеликоптерите „Ka-32“ на „Eurasia Airshow“ минатата година во турскиот медитерански град Анталија.
Хеликоптерите треба да се користат во борба против пожарите.
Нарекувајќи го турскиот пазар како еден од најветувачките, во април Богински истакна дека врз основа на големината на земјата, на Турција ѝ се потребни повеќе хеликоптери за да се справи со пожарите.
Испораката беше извршена во услови на поинтензивните контакти во дипломатската и одбранбената индустрија меѓу Анкара и Москва, вклучувајќи го и купувањето на одбранбениот систем „С-400“ од страна на Турција.