Emre Gürkan Abay
27 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор што предвидува да се формира заедничка воена група со Ерменија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во договорот што го потпиша рускиот претседател, изнесени се детали за активностите на заедничката воена група на двете земји и како таа ќе функционира.
Целта е да се воспостави воена безбедност во регионот на Кавказ. Путин го одобри предлогот на руската Влада, на 14 ноември минатата година, а пак на 14 јули тој беше изгласан од Долниот дом на рускиот Парламент.