Elena Teslova
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
МОСКВА
Руското Министерство за одбрана денес ги повика НАТО да изработат правила кои ќе помогнат во избегнувањето на воздушни и морски инциденти и да преговараат за областите за одржување на големи воени вежби, јавува Агенција Анадолија (АА).
Прилагодувањето на чекорите во овие работи ќе овозможи да се намали нивото на конфронтација, што е особено важно во време кога напорите во светот се насочени кон спротивставување на ширењето на коронавирусот, изјави Сергеј Рудској, директор за операции на рускиот Генералштаб, на видео конференција во Москва.
„Подготвени сме да ги поправиме заедничките правила кои ќе го одредат минималното растојание меѓу авионите и бродовите, како и процедурата за соработка меѓу екипажот“, рече Рудској и додаде:
„Во иднина сме подготвени да ги прилагодиме областите за воени вежби врз основа на диспаритет со Алијансата“, изјави Рудској, нагласувајќи дека Русија доброволно ја преместила големата воена вежба „Caucasus-2020“ далеку во внатрешноста на земјата.
Рудској додаде дека руската војска придава големо значење на користењето на транспондерите за време на летовите на борбената авијација над Балтичкото Море и „смета на подготвеноста на земјите на НАТО да донесат конкретни одлуки по ова прашање“.
Тој додаде дека со раководството на НАТО било разговарано за спречување на инциденти и намалување на обуките во близина на руските граници.
Покрај тоа, сите предлози за олеснување на тензиите биле ставени во писмена форма и предадени на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.