Elena Teslova
08 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
МОСКВА (АА) - Кремљ денеска ги демантира украинските извештаи за руски воздушни напади врз железничка станица во источниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Наводите од Киев за смртоносниот руски ракетен напад на железничката станица во Краматорск се провокација и апсолутно не соодветствуваат со реалноста“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Министерството додаде дека ракетите „Точка-У“, чии фрагменти се фотографирани на железничката станица, ги користат само Украинските вооружени сили.
Министерството, исто така, соопшти дека на 14 март Украинската армија го нападнала центарот на источниот град Доњецк, при што загинале 17, а биле ранети уште 36 цивили.
Краматорск се наоѓа во областа Доњецк, енклава чија „независност“ Москва ја призна непосредно пред војната.
Според Украинските државни железници, повеќе од 30 луѓе загинале, а над 100 ранети во денешниот напад.
Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, предизвика меѓународен гнев, при што Европската Унија, САД и Велика Британија, меѓу останатите, воведоа строги финансиски санкции кон Москва.
Најмалку 1.611 цивили загинаа во Украина и 2.227 се повредени, според проценките на Обединетите нации (ОН), а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, повеќе од 4,3 милиони Украинци побегнале во други земји, а уште милиони се внатрешно раселени.